Дали балансерот ја исполнува целта или се злоупотребува затоа што етничката припадност е основен податок при вработување и дали по 20 години примена е веќе надминат и треба да се укине. Антикорупциската комисија ќе поднесе иницијатива до уставниот суд да ги преиспита законите во кои е содржана алатката балансер.
ДКСК на денешната седница гласаше и да иницира до Уставниот суд да ја оцени законитоста и колизијата со други закони на законот за преземање административни службеници вработени преку к-5. Програма во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, а од Владата да побара извештај за спроведувањето на овој закон со кој институциите треба да прифатат т.н. рамковни вработени кои нераспределени добиваа плата, а седеа дома.