4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Џијан Емин настапи во Нови Сад со проектот La Vie En Rose

Најчитани вести

Македонскиот диригент и композитор Џијан Емин во неделата, 22 декември, настапи во Нови Сад, во салата на Српското народно позориште, заедно со Војводинскиот симфониски оркестар, на концертот со наслов La Vie En Rose.

Џијан Емин беше диригент на овој проект, кој на македонската публика ѝ е познат со името „Париз, те сакам“ и кој се изведе во Скопје заедно со Филхармонијата на концертот по повод Денот на вљубените пред две години.

Овој пат повторно солистка беше врвната вокалистка Миртил Мишелер од Унгарија, а ѝ се придружи актерот Иштван Короси. Програмата е составена од вкусно избрани композиции, популарни француски шансони од Едит Пјаф, Мишел Легранд, Жак Брел…

Овој настан, всушност, беше новогодишен гала-концерт, а билетите беа распродадени еден месец претходно.

„Целиот концерт помина во прекрасна атмосфера, со убава енергија, која нè следеше од првата заедничка проба со оркестарот со кој во блиското минато имам настапувано и како хорнист“, вели Џијан Емин. „Со голем број од музичарите сум пријател и беа пријатно изненадени што сега ме гледаат во улога на диригент. Миртил беше фантастична како и секогаш, блескава со прекрасна интерпретација на композициите. Трипати бевме повикани на бис, а јас на еден од тие бисови ја отсвирев композицијата ‘Фалцер’ на мелодика и заедно со концерт-мајсторот Владимир Ќуковиќ имав заедничка соло импровизација. Многу е ретко во симфониски оркестар концерт-мајсторот да има такви високи импровизаторски способности како Владимир Ќуковиќ. Огромно браво и за целиот оркестар и за бендот кој беше составен од врвни музичари од Србија, кои се дел од Биг-бендот на РТС. Концертот заврши со стоечки овации“.

Инаку, Џијан Емин подготвува два големи настана, кои ќе се одржат во февруари. Првиот е мултимедијален перформанс во големата сала на Филхармонијата за кој насбргу ќе има најава, а вториот настан ќе биде концертен заедно со триото „Ана Кап“ од Франција и музичари од Филхармонијата. Со триото „Ана Кап“, Џијан Емин веќе имаме издадено еден носач на звук, кој беше снимен во Франција пред три години. Во февруари ќе снимаат нов материјал, кој ќе имаме можност да го чуеме кон крајот на февруари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com