7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

ЏАФЕРИ: Не знам кој што зборува, на 3 јануари чекам технички премиер

Најчитани вести

Откако премиерот во заминување Зоран Заев во неколку наврати најави дека е можно одложување на изборите кои се веќе закажани за 12 април наредната година, сега и претседателот на Собранието Талат Џафери излезе со свој став за предвремените избори.

Џафери на денешниот брифинг со новинари рече дека се додека  не се распишат изборите можно е да бидат одложени и истакна дека таква можност постои ако се земе предвид дека предвремените избори треба да се одржат во рок од 60 дена од распуштањето на парламентот.

Пред новинарите Џафери најави дека планира на 3 јануари односно 100 дена пред предвремените избори да закаже седница за избор на технички премиер и на нови министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика.

Џафери исто така посочи дека сето тоа зависи од премиерот Заев, односно од неговата оставка.

Џафери објасни дека следниот ден од избирањето на техничка Влада, обврска на новоизбраниот премиер ќе биде да достави предлози за дополнителни заменик-министри во внатрешни работи и во труд и социјална политика (од редовите на СДСМ) и во финансии, земјоделство и информатичко општество (од ВМРО- ДПМНЕ). По изборите, новоизбраните министри и заменици во техничката влада ги напуштаат функциите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com