15.8 C
Skopje
Monday, October 25, 2021

Џафери: Декларацијата за правото на политичко учество на граѓаните со попреченост резултат на заедничка посветеност на сите пратеници

Најчитани вести

Декларацијата за правото на политичко учество на граѓаните со попреченост е конкретен резултат на заедничката посветеност на сите пратеници без оглед на партиската припадност, но и на интензивната соработка со техничкиот комитет на Интер партиската парламентарна група за правата на лицата со хендикеп (ИППГ) и Полио Плус – движење против хендикеп, порача денеска претседателот на Собранието Талат Џафери на свечениот настан со кој се одбележа усвојувањето на овој документ.

-Благодарение на нивната упорност и се разбира на поддршката од сите нас тука присутни, можеме да бидеме во мир со нашата совест и со одговорноста што ја имаме како претставници на сите граѓани. Затоа што, општество за сите, не треба да биде само флоскула, еднакви права и слободи за сите не треба да биде само напамет научена фраза, туку, треба да биде начин на функционирање во секоја сфера од општественото делување на граѓаните, односно и таму каде што се носат одлуките, и таму каде што се спроведуваат, истакна собранискиот спикер.

Тој напомена дека за да биде спроведувањето ефективно и да ја постигне целта, потребна е инклузивност, потребно е вклучување на сите кои со својот придонес ќе дадат едно поинакво гледиште.

-Како што се вели, да се ставиш и чекориш во туѓи чевли за да можеш да ја почувствуваш и сфатиш болката. Затоа што животот има предизвици, очекувани и неочекувани бариери, меѓутоа, да не дозволиме ние, луѓето да бидеме тие кои ќе создаваат нови тешкотии, напротив, да се насочиме кон овозможување на достапност, инклузивност на секој поединец затоа што, сите сме уникатни и посебни по нешто, сите имаме нешто лично да придонесеме за градење на едно похумано, посолидарно, а пред се еднакво општество со еднаков третман на сите, рече Џафери.

Тој изрази уверување дека оваа Декларација ќе биде патоказот кој ќе води кон менување на актуелната состојба на национално, меѓутоа и на локално ниво, односно таму каде што најпрво лицата со попреченост се соочуваат со дискриминација.

На денешната свеченост се обратија и замениците претседавачи на ИППГ, пратениците Јагода Шахпаска, Трајче Димков и Лилјана Поповска кои нагласија дека во Собранието на Република Северна Македонија, од моментот на создавањето на Интер-партиската парламентарна група за правата на лицата со хендикеп, постои консензус меѓу парламентарните партии за унапредување на правата и на условите за живот и работа на лицата со попреченост, како и за создавање на инклузивно општество во кое нема место за ниту една форма на дискриминација.

На денешната свеченост претставниците од Полио Плус – движење против хендикеп, со поддршка од Фондацијата за демократија на Вестминстер, на Собранието на Република Северна Македонија, како институција која што дала значаен придонес за унапредување на правата на лицата со попреченост, му додели Плакета, која што во името на сите пратеници ја прими претседателот Џафери кој што исто така доби Признание за поддршката на лицата со попреченост. Признание за досегашните заложби и поддршка доби и генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова.

За својата активност и за нивниот посебен придонес и ангажман за унапредување на правата и еднаквите можности на граѓаните со хендикеп, посебни Признанија добија и членовите на ИППГ од парламентарниот состав 2017- 2020 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com