По направената сторија на Канал 5 дека Бранко ќе остане без покрив на главата, бидејќи според управникот на домот Бранко го нарушил јавниот ред и мир во домот, првиот човек на ПИОМ Никола Мемов ја разгледал жалбата на Миленковски и го продолжил договорот со опомена во иднина да се внимава на куќниот ред. А оние кои доѓаат во домот и му помагаат на Миленковски заради инвалидноста и е во инвалидска количка, да доѓаат во соодветено време, кога не се нарушува мирот и на другите станари.
Сторијата со Миленковски ги отвори и прашањата за кој се живее во овие пензионерски домови? И дали сите станари ги исполнуваат условите? Директорот на ПИОМ Мемов, објаснува дека во неколку пензионерски домови низ Македонија имаат поведено судски спорови за враќање на владението на имотот на Фондот на ПИОМ, заради узурпација на становите од лица кои не ги исполнуваат услови за стекнување право на користење на тие станови.
Формирана е комисија која ќе направи ревизија на сите договори за закуп на становите во домовите, како и ревизија на сите пристигнати барања и постапки за доделување на овие станови.
Во Македонија има вкупно 14 пензионерски домови, каде живеат 417 луѓе. Услов да се потпише закуп на стан во пензионерски дом е лицето да има ниска пензија и да пет години да нема имот на негово име.
https://www.facebook.com/100064568984749/posts/1102739845221638/?app=fbl