Home » Директорот на А репрезентацијата заврши во притвор и разрешен од функцијата

Директорот на А репрезентацијата заврши во притвор и разрешен од функцијата

by Журнал.мк

Дени Масев, поранешен македонски репрезентативец пред една недела завршил во притвор, информира „Слободен печат“.

Како што потврдуваат извори за „Слободен печат“ Масев во моментов се наоѓа во притвор, а според неофицијалните информации, тој се поврзува со групата на Раде Трајковски – Штекли, кој беше уапсен на почетокот на годинава под сомнение за трговија со дрога.

Масев беше разрешен од ФФМ во октомври минатата година од страна на претходното раководство, но на почетокот од јануари оваа година повторно беше именуван за директор на А-репрезентацијата на Македонија. Сепак, по акцијата на МВР во која бил притворен, како што дознаваме, Масев сега повторно е разрешен од функцијата спортски директор на А-репрезентацијата, воопшто не приклучувајќи се ниту на актуелниот собир на националниот тим.

Како што пренесува „Слободен печат, засега нема официјални информации од Обвинителството за што точно е осомничен Дени Масев.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk