Home » Директори на Тесла во Германија ги проверуваат вработените дома кога ќе заминат на боледување

Директори на Тесла во Германија ги проверуваат вработените дома кога ќе заминат на боледување

by Lina Muslija

Раководителот на фабриката на Тесла во местото Гринхајде, во близина на Берлин, нема намера да се откаже од проверување дали вработените навистина се наоѓаат на домашно лекување. Андре Тириг се решил на таков чекор поради невообичаено големиот број на боледувања. Тој за германската новинска агенција дпа изјави дека „голем број компании го прават истото“.

„Сакаме да се повикаме на работниот морал на персоналот“, кажува Тириг. Работничкиот синдикат ИГ Метал возвраќа со критика дека работата во фабриката за автомобили била мошне напорна и цени дека домашните посети биле „апсурден потег“.

На моменти 15 проценти од персоналот е заминат на боледување

Тесла наведува дека причина за ненајавените домашни посети е натпросечно високиот обем на боледувања во текот на летните месеци. „На моменти тоа достигна 15 проценти и повеќе“, кажува Тириг.

Тоа е жешка тема во Германија. Економскиот дневник Ханделсблат претходно извести за домашните посети кај вработените што имаат земено боледување. Објавата се повикува на тонски запис од работничиот совет што бил одржан во фабриката во минатата седмица.

Во фабриката во Гринхајде подолго од две години се одвива производството на Модел Ипсилон. Во фабриката работат 12.000 лица.

Од почетокот на годината, 200 вработени се заминати на боледување

Тириг кажува дека „на работничкиот совет го известивме персоналот за домашните посети и го кажавме нашиот став.“ Тоа наишло на големо одобрување. Директорот поретходно добивал поплаки дека вработените се чувствуваат фрустрирано поради отсуството на нивните колешки и колеги.

„Утврдивме 200 вработени што се наоѓаат на платено боледување, а годинава воопшто се немаат појавено на работа. Тие донесуваат нов извештај на секои шест недели“, кажува директорот.

„Откривме две дузини такви случаи“. Директорот не оди самиот да ги провери болните без најава, туку тоа го прават директорот за производство и за персонал. „Честопати не најдовме никој дома, а се имаат случувано и агресивни испади.“

Најмногу боледувања во петоците

Директорот на Тесла не гледа дека проблемот е во тешките работни услови. „При нашите анализи за отсуството откривме непобитни феномени: во петоците и во доцните смени за 5 проценти се зголемува бројот на заминување на боледување, отколку во останатите денови од неделата“, кажува Тириг.

„Тоа не укажува дека се тешки условите за работа. Тој се сомнева дека се злоупотребува германскиот социјален систем.“ Тесла има повеќе од 1.500 работници што се платени од час и тие работат во истите услови. Кај нив, обемот на боледувања изнесува само два проценти.

Боледувањата проретчија

Бројот на боледувања во меѓувреме почна да се смалува. „Утврдивме ефект на подобрување.“ Тириг не исклучува дека и во иднина ќе се случуваат домашните проверки.

Според директорот, компанијата вложила многу во заштита на здравјето и во подобрување на условите за работа. Во фабриката се наоѓа фитнес студио, работат лекари, физиотерапевти и се почитуваат ергономските правила на работните места.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk