Home » Директни внатрепартиски избори за Претседател на СДСМ​

Директни внатрепартиски избори за Претседател на СДСМ​

by Журнал.мк

Социјалдемокатскиот сојуз на Македонијакако модерна, отворена и демократска партија, согласно статутарните измени, Претседателот ќе го избира на непосредни, внатрепартиски избори распишани на ден 12.02.2025 година со Одлука на Извршниот одбор на СДСМ, а кои ќе се одржат на ден 16.03.2025 година.

За таа цел ги повикуваме сите заинтересирани да се самокандидираат за Претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.
Кандидат за Претседател на СДСМ може да биде лице кое е најмалку 5 (пет) години член на СДСМ и најмалку еднаш бил избран од Конгресот на СДСМ за член на некои од органите на Партијата (претседател, заменик претседател, генерален секретар, член на централен одбор и член на надзорен одбор).

Со доставената самокандидатура за Претседател, кандидатот во хартиена форма задолжително доставува:

– Пополнет “Образец 1” – Пријава за самокандидирање;
– Лична биографија;
– Партиска биографија;
– Програма за работа за 4-годишен период.

Заинтересираните кандидати своите кандидатури, со целосна прилог документација во хартиена форма, во затворен плик со назнака „Самокандидатура за Претседател на СДСМ“ потребно е лично да ги достават најдоцна до 19.02.2025 година, до Централната изборна комисија, во седиштето на СДСМ на ул. Бихаќка број 8, Скопје, од 08:00ч до 16:00 часот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk