Литванија ги информираше Обединетите нации дека го напушта договорот за забрана на противпешадиски мини, објави литванскиот министер за надворешни работи Кестутис Будрис на платформата Х.
Земјата повеќе нема да биде обврзана со тој договор шест месеци по известувањето, објавува Ројтерс.

Парламентите на Литванија, Латвија, Естонија, Финска и Полска, членки на НАТО и ЕУ кои граничат со Русија, го одобрија повлекувањето на своите земји од договорот, наведувајќи зголемена воена закана од нивниот сосед.