Екипата на Црвена Звезда следниот понеделник дуелот против Морнар од АБА-лигата наместо во „Штарк Арена“, каде што ги одиграа сите средби сезонава, ќе го одигра во салата „Пионир“ чиј капацитет е повеќе од двојно помал.
Причина е зафатеноста на најголемата сала на овие простори е концертот на пејачот Дино Мерлин, кој ќе има дури четири концерти (18, 19, 21 и 22 ноември) во оваа сала со концертен капацитет од 25.000 гледачи.
По привремената преселба, црвено-белите во Белградската арена ќе се вратат следниот петок (24 ноември) кога во 10. коло од Евролигата ќе го пречекаат Армани од Милано.