Home » Димтириеска-Кочоска: Намалувањето на царините и либерализацијата на трговијата со САД дел од политиките за зголемена конкурентност на економијата

Димтириеска-Кочоска: Намалувањето на царините и либерализацијата на трговијата со САД дел од политиките за зголемена конкурентност на економијата

by Журнал.мк

Предлогот законот за намалување на царинските стапки на 67 стоки и целосна либерализација на увозот со САД е веќе во собраниска процедура и се очекува да стапат на сила од 1 јули 2025 година. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска на прес-конференција информираше дека со предлогот се опфатени стоки кои се утврдени како приоритет од страна на бизнис заедницата и дека се однесуваат на секторите на автомобислката, метало-преработувачката индустрија, металургијата и енергитиката.

„Од 1 јули со измените се врши намалување на царинските стапки за 50% на разликата помеѓу нашите постојни царински стапки и царинските стапки за тие стоки во ЕУ. Односно пластично претставено со пример – ако царинската стапка на одредена стока кај нас изнесува 20%, а во ЕУ за истата стока 10%, со тековните измени стапката се намалува на 15%. Истовремено пристапуваме кон целосно усогласување со царинската стапка што се применува во ЕУ за литиум јонските батерии за складирање електрична енергија во секторот енергетика. Односно од 1 јули царинската стапка за нив од 15% се намалува на 2,7% со што директно помагаме во енергетскиот сектор.“, рече министерката за финансии.

Таа додаде дека станува збор за стоки кои како суровини или репроматеријали се користат во нашата индустриски капацитети, односно одделни производи потребни за производство на високо финални производи со цел да се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија.

Потенцира дека изментие се направени во консултација со стопнаските комори и дека е дел од владината програма, а се предложени се со цел да се зголеми конкурентноста на домашните компании кои извезуваат на странските пазари, зголемување на македонскиот извоз и на девизниот прилив.

Според минситерката ваквите мерки кои водат до намалување на трошоците на компаниите ќе имаат ефекти и врз зголемување на инвестициите и бројот на вработените, што е и приоритет на Владата а во насока на остварување повисоки стапки на економски раст. При тоа додаде дека претставуваат надополнување на сите мерки и политики што се преземаат за поддршка на домашната економија преку инвестиции во јавниот и приватниот сектор за обезбедување повисок животен стандард.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk