Home » Димовски: СДСМ нема да освои повеќе од 25 пратеници на изборите

Димовски: СДСМ нема да освои повеќе од 25 пратеници на изборите

by Журнал

„Овој пат е различна ситуацијата, овие избори Албанците ќе имаат поголема излезност. На крајот од денот треба да видиме дали гласачкото тело на Алијанса сака да ја одржи на власт ДУИ или не. Дури и гледаме дека струшкото крило што му беа најблиски на Села, сега се со Таравари. Изгледен ми е резултатот во Алијанса за Албанците. ДУИ му врши работа на Села, но ги затвораат вратите кон другите од Алијанса, изјави вечерва Илија Димовски при гостувањето на Канал 5.

Димовски оценува дека од друг аспект, одењето на претседателски избори одвоено, кандидатот меѓу ВМРО-ДПМНЕ во споредба на кандидатот за претседател на СДСМ и тоа најмалку 120.000 гласови предност на опозицијата, а тоа ќе постигне ефект на лавина и на две недели подоцна парламентарните избори.

-Мислам дека ДУИ ќе има 12, а СДСМ не повеќе од 25 пратеници на изборите. Овој пат е различна ситуацијата, овие избори Албанците ќе имаат поголема излезност. Ако 2008 година се гледа излезноста кај албанскиот блок, таа е поголема од претходните и следните избори. Разликата меѓу ДУИ и Левица на анкетите е од 1% до 1,5%. Многу е битно да видиме каква бројка ќе освојат малите партии, Левица и ЗНАМ сигурно ќе освојат значителен резултат на изборите, рече Илија Димовски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More