Заменик-претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски оствари средба со новоакредитираниот амбасадор на Делегацијата на Европската Унија Н. Е Михалис Рокас.
Честитајќи му на амбасадорот за новата должност, заменик-претседателот Димовски му се заблагодари на амбасадорот Рокас за континуираната поддршка на делегацијата на ЕУ на нашиот евроинтегративен процес.
Основните точки во отворениот и плоден разговор беа ставени на активностите на Владата во следниот период и предизвиците во забрзување на процесот на отворање на преговорите, владеењето на правото со враќање на довербата кај граѓаните во правосудниот систем, премостување на отворените прашања и интензивирање на економскиот раст, дополнително со предвидената финансиска поддршка од страна на Европската Унија.
Истовремено, се сподели ставот за новите можности за уште подлабока соработка со делегацијата на ЕУ.