Home » Димовски: Најважно е да знаеме што ни треба од крупните играчи во светот, треба да се фокусираме на тоа

Димовски: Најважно е да знаеме што ни треба од крупните играчи во светот, треба да се фокусираме на тоа

by Журнал.мк

Поранешниот пратеник Илија Димовски во Отворено рече дека за нашата држава најважно е да знаеме што ни треба од крупните играчи во светот и да се фокусираме на тоа.

Тој зборуваше и за новата политика на Трамп во САД.

„Треба да видиме што нас ни треба од крупните играчи и да си го гледаме нашиот интерес. Јас повеќе би се грижел за развојот и слабостите кои ги има Македонија. Ние последниве 100 год сме од повредена страна сакате со име, идентитет, ние сме најтепани и ние имаме малцинства во земјите членки на ЕУ кои немаат права. Нема народ кој што е потепан од нас од тие неправди на меѓународната политика“, рече Димовски.

Тој зборуваше и за тоа дека новата политика на Трамп е рационалистичка.

„Овој пат имаме сериозна активност во промена на поредокот. Трамп е рационалоист и не е политичар кој ќе прави стартегии во наредните 30 години, тој е рационалист и тоа е добро за светскиот проедок. Имате држави како нашата мали кои се воинствени а немаат толкава војска. Кја Трамп и новата американска администрација има порациоанлен пристап. Американската економска елита има констатација дека Америка премногу се троши на светско ниво дали по фондови, обезбедување мир, и наидуваме на фаза на изолација“, додаде Димовски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk