11 C
Skopje
Sunday, January 24, 2021

Димовски: Градоналници се однесуваат КАКО АРАМБАШИ, Министерство за локална самоуправа МОРА ДА РЕАГИРА

Најчитани вести

Во четвртокот поставив пратеничко прашање до Владата на Република Македонија за ајдучкото однесување на повеќе градоначалници од СДСМ спрема вработени во општините, спрема граѓани и бизнисмени кои не им се по мерак, терк и не им се послушни… Набројав 6 примери на однесување на градоначалници како арамбаши… Побарав од Министерот за локална самоуправа Горан Милевски да даде налог на Инспекторатот за локална самоуправа и да ги испита тие јавни наоди…, напиша пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на Фејсбук.

-За воља на вистината Министерот пред Собранието на Република Македонија и пред јавноста зема обврска дека ќе го испрати инспекторатот и извештаите и записниците ќе ги достави до пратениците и јавноста…

ВАЖНО: Еден од овие градоначалници уште утрешниот ден, петокот, започнал повторно да се пресметува и одмаздува спрема човек за кој имаше дел од моето прашање, а кого и претходно го малтретирал злоупотребувајќи ја својата моќ на локален шериф…

Уште еден апел до Министерство за локална самоуправа да постапува брзо и да не дозволи ова однесување да прерасне во лични одмазди и пресметки базирани на злоупотреба на моќ и службена положба…, додава Димовски.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести