Home » Димитровски во Софија: Проблемот е дека преговорите со ЕУ ќе станат жртва на историските барања

Димитровски во Софија: Проблемот е дека преговорите со ЕУ ќе станат жртва на историските барања

by Журнал.мк

Заменик министерот за надворешни работи на Македонија, Зоран Димитровски на форумот „ЕУ го запознава Балканот“ во Софија, истакна дека Македонија не е загрижена за внесувањето на Бугарите во Уставот, туку од тоа дека пристапот на земјата во ЕУ ќе зависи од исходот на историската комисија меѓу двете земји.

„Не сме загрижени за внесување на Бугарите во Уставот. Ние сме земја која има најдобра практика во заштита на етничките малцинства во Европа. Немаме проблем со тоа Бугарите да станат дел од нашиот устав и нивните права да бидат заштитени. Туку, стравуваме од тоа дека процесот на нашето пристапување во ЕУ ќе стане високо билатерален процес и ќе зависи од исходот на мултидисциплинираната историска комисија меѓу двете земји“, рече Димитровски.

Тој посочи дека историските комисии по Втората светска војна функционирале со децении.

„Знаеме како работеа историските комисии по крајот на Втората светска војна меѓу Германија и Франција, меѓу Полска и Германија. Работеа со децении, и сегашната комисија би можела да работи со децении ако ги чекаме резултатите“, изјави Димитровски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk