Home » Димитровска: Од околу 11.200 возила во сопственост на институции во државата податоци до ДКСК доставени само за 3.590

Димитровска: Од околу 11.200 возила во сопственост на институции во државата податоци до ДКСК доставени само за 3.590

by Журнал.мк

Сите државни институции, како органи на државна управа, јавни претпријатија, трговски претпријатија, органите од правосудството, односно сите основани од државата имаат обврска да достават податоци до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на 20 дена од распишување на изборите. Изборите се распишаа на 14 февруари, обврската беше до крајот на месецот, нагласи Татјана Димитровска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), во вечерашната дебата во „Топ тема“, на ТВ Телма.

„Во соработка со министерството за внатрешни работи, обезбедивме податоци за 1.378 државни институции кои располагаат со околу 11.200 службени возила, што значи дека користат и управуваат службени возила кои што се државен имот. Од оваа бројка на институции, само 340 доставија податоци до Државната комисија за спречување на корупција, што се однесува на околу 3.590 возила. Процентот, секако, е низок, не е на задоволително ниво“, истакна Димитровска.

Според законската регулатива, додаде Димитровска, ДКСК има надлежност да покрене прекршочна постапка пред надлежен орган, но потенцира за системска слабост на Изборниот законик кој не уредува висина на санкција со што репресивно би се делувало врз таквите институции.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More