Home » „Димитров потврди дека ВЛАСТА СПРЕМА НАЦИОНАЛНО ПРЕДАВСТВО со Бугарија“

„Димитров потврди дека ВЛАСТА СПРЕМА НАЦИОНАЛНО ПРЕДАВСТВО со Бугарија“

by Журнал.мк

Тоа што го видовме денес од изјавата Димитров, јасно покажува дека СДСМ и Владата имаат јасна намера да направат национално предавство во однос на Бугарија и тоа е нешто што загрижува, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Велес, при што додаде дека Македонија има изгласана Резолуција и владата не смее да бега од неа.

– Јас сум навистина загрижен, ние подолг временски период сугерираме дека се води капитулантска политика во однос на Бугарија. Мислам дека ставот на Македонија е јасен и е усогласен во Собранието и изгласан од сите пратеници со заедничката декларација која што ВМРО-ДПМНЕ ја предложи, а сите пратеници вклучувајќи ги и пратениците од СДСМ и ДУИ ја гласаа, рече Николоски.

Тој посочи дека постојат големи сомнежи власта да не ја почитува Резолуцијата од причина што едно од барањата е да секаков договор или било какви заклучоци кои се во однос помеѓу односите на Македонија и Бугарија дојде на разгледување во Собрание, а владата бега од таква дијалог.

– Гледаме дека владата тивко ретерира од таа работа, а исто така гледаме сервилност. На пример Слави Трифунов целосно го навредуваше македонскиот народ, јас побарав да има реакција од МНР тоа не се случи, а тоа човек чија партија е втора партија во рамки на бугарската влада, потенцираше Николоски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More