Актуелниот градоначалник на Општина Куманово и идејниот творец на граѓанското движење Максим Димитриевски, ги покани поддржувачите, пријателите и граѓаните да се придружат на граѓанската иницијатива и да присуствуваат на настанот по повод Иницијативата за формирање на новиот политички субјект на македонската политичка сцена, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, на 9 октомври во 20:00 часот, во Хотел Холидеј Ин во Скопје.
Димитриевски информираше дека сите заинтересирани граѓани можат да присуствуваат на настанот и да дадат свој придонес во креирање на еден нов субјект кој што има за цел да ги смени работите во државата, да ги промени процесите, од граѓаните за граѓаните.
“Да се ставиме целосно во служба на Македонија и на нашиот народ!” повика Димитриевски.
Ве покануваме да го проследите настанот за потпишување на Иницијативата за формирање на нов субјект на политичката сцена во Македонија “Движење ЗНАМ – За Наша Македонија”, во понеделник (09 октомври 2023 година) со почеток во 20 часот во хотел Холидеј Ин во Скопје.
Приведен криминалец од Тетово баран со потерница
Приведен криминалец од Тетово баран со потерница
„ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира законот за амнестија со 5.000 амандмани“
„ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира законот за амнестија со 5.000 амандмани“
Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија има за цел да ги смени работите во државата, да ги промени процесите, од граѓаните за граѓаните, и да се стави целосно во служба на Македонија.
На настанот се предвидени обраќања на говорници, како и потпишување на Иницијативата од страна на претставници на сите 10 граѓански здруженија од Македонија, заедно со идејниот творец на граѓанското движење, Максим Димитриевски.
По завршување на настанот е предвидена изјава за медиуми.