Гостувањето на Драмски театар од Ловеч, Република Бугарија, со романтичната комедија “Здивот на ѓаволот” во НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, беше повод за пријателска средба во Општина Куманово.
На приемот кај Градоначалникот на Општината, Максим Димитриевски, присуствуваа претседателот на Сојузот на артистите во Бугарија, Христо Мутафчиев – специјален гост и актер во претставата, актерката Богомила Николова, и директорот на НУЦК “Трајко Прокопиев”, Сашо Тодоровски. На средбата беа истакнати досегашната успешна комуникација меѓу двете соседни земји и промоција на културните вредности, кои ги поврзуваат пријателските народи.
Димитриевски оствари пријателска средба со делегација од Бугарија
53