Home » Димитриевски: Не сум се договорил со Валенсија

Димитриевски: Не сум се договорил со Валенсија

by Lina Muslija

Во претходниот период во шпанската јавност се појавија информации дека македонскиот голман Столе Димитриевски се договорил кариерата да ја продолжи во Валенсија, сепак Димитриевски сега ги демантираше таквите информациите.

Најавите од медиумите во Шпанија беа дека Димитриевски во Валенсија ќе пристигне како замена за Грузиецот, Мамарадшвили кој се поврзуваше со заминување.

Димитриевски во изјава за „Марка“ тврди дека не се договорил ниту со Валенсија, ниту со било кој друг клуб.

„Не се вистините шпекулациите дека сум се договорил со Валенсија. Во претходните години имаше многу шпекулации за мојата иднина. Во овој момент водиме преговори, сакам да останам во Рајо, но ќе видиме што ќе се случи. Ништо не сум потпишал со никого“, изјави Димитриевски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More