Home » Димитриевски: Лесно е да се биде опозиција, тешко е да се работи

Димитриевски: Лесно е да се биде опозиција, тешко е да се работи

by Журнал.мк

Целта на „ЗНАМ“ е да се направи пресек и ревизија на сите случаи на обесправените граѓани и да се деполитизира тој сегмент во општеството неопходен за владеење на правото. Се уште стојам на зборот дека во Македонија нема правда, а без правда нема и мир, а без право нема ниту држава. Ќе дадеме шанси на професионалци во системот. Во рамки на легитимна процедура ќе ги дадеме најсоодветните имињата, но тоа ќе бидат способни за она што ќе треба да го сработат, а тоа е реформа. Лесно е да се биде опозиција, тешко е да се работи. Граѓаните на овие избори ја пратија порака и сериозно ќе треба да се работи. Ние веќе се етаблиравме, граѓаните не’ препознаа, имаме 6 пратеници и нема простор за импровизација, нема место за политиканство, ние ќе бидеме партнерот кој ќе овозможи да се имплементира власта и нема да дозволиме реприза на сценариото до вчера или до 2016 година каде што ДУИ многу вешто играше и со едните и со другите, а во овој случај тоа би бил „Влен“, рече Максим Димитриевски во Само Интервју.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More