Home » Димитриевски: Енергетската криза е сериозен проблем, мора државата да интервенира

Димитриевски: Енергетската криза е сериозен проблем, мора државата да интервенира

by Журнал.мк

„За 100 дена реализиравме педесетина инфраструктурни проекти во градот Куманово, продолжуваме со уште поинтензивно темпо. Куманово има интенција да стане европски град. Подобрување на патната инфраструктура, изградба на голем број спортски игралишта се дел од приоритетите, ние сме една ретко стабилна финансиска општина, планираме во мандатот да реализираме околу 800 проекти. Над 80% од територијата на градот е покриена со јавен превоз. На нас најбитен ни е квалитетот на услугата (јавниот превоз), група бизнисмени во градот намерно прават опструкции. Енергетската криза е сериозен проблем, нас дополнителен проблем ни е и гасификацијата. Во јануари февруари и март ќе ги потрошиме финансиите за планираните енергенси за целата година. Немаме информации од Владата како ќе се покријат овие трошоци. Владата треба да ни помогне затоа што се пренесени надлежности, на тој начин е направена децентрализација на власта. Мора државата да интервенира. Целта е државата да се децентрализира. Во ЕУ локалните самоуправи влечат 30% од вкупните буџети, кај нас се движат околу 3%. Ако не можат големите општини да излезат на крај со ваквите трошоци, што останува со малите општини. Има општини кај нас што не можат да ја платат сметката за улично осветлување“ – вели Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово во Студио 10 на ТВ24.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More