Home » Димитриевски: 10 години сум прв голман, тешко ми е да прифатам да бидам на клупа

Димитриевски: 10 години сум прв голман, тешко ми е да прифатам да бидам на клупа

by Журнал.мк

Македонската фудбалска репрезентативна „единица“ – Столе Димитриевски кој летово ги смени клупските бои и од Рајо Валјекано премина во Валенсија моментно е втор голман во екипата од „Месталја“.

Првиот избор во клубот за голманската позиција, Грузицот Мамардашвили остана во клубот како позајмен играч на Ливерпул, па Димитриевски е на клупата за резерви.

Македонскиот голман во интервју за дел од шпанските медиуми вели дека не му е лесно да седи на клупата бидејќи последните 10 години беше прв голман.

„Десет години по ред сум прв голман и затоа ситуацијата во Валенсија ми е тешка за да ја прифатам. Сега се наоѓам во положба да му помогнам на тимот на поинаков начин, бидејќи има многу млади играчи во соблекувалната. Целта е сите заедно да излеземе од кризата и да ги оствариме најдобрите резултати. Во фудбалот се случуваат многу чудни работи, ми се случиле и мене во минатото. Мамардашвили остана, но јас сум во клубот во кој сакав да бидам, сега напорно работам и ја чекам мојата шанса. Се надевам дека тренерот ќе може да ми даде шанса и дека ќе стигнеме до победи и избегнување на опасната зона“ – изјави Димитриевски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk