Home » Димитриеска Кочоска – Рокас: Реформите се вистинскиот патоказ на земјата за целосна евроинтеграција

Димитриеска Кочоска – Рокас: Реформите се вистинскиот патоказ на земјата за целосна евроинтеграција

by Журнал.мк

Спроведувањето на реформи е вистинскиот патоказ за целосна реализација на нашата евроатланска интеграција. ЕУ е приоритет за Владата и Министерството за финансии и имаме цврста определба за реализирање на Реформската агенда поврзана со Планот за раст.

Ова го констатира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на средба со новиот амбасадор на ЕУ во земјава Микалис Рокас на кој му посака добредојде и успшен мандат, соопшти Министерството за финансии.

– Напредокот во остватрување на реформите отвора можности за зголемени инвестиции и финансирање од буџетот на ЕУ, вклучително и во големите инфраструктурни проекти, со што би се забрзал и процесот за намалување на економските и социјални диспаритети на земјата во однос на тој на ЕУ. Затоа фокусот ќе биде ставен на реформите и реформската агенда за приближување на земјата до ЕУ и обезбедување подобри услови и повисок стандард за граѓаните, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

На средбата стана збор за активностите поврзани со реализација на Планот за раст. Министерката информира дека Реформската агенда на земјата е усвоена од страна на Владата и дека е доставена до ЕК по што се очекуваат следните чекори од процесот и одобрување на средства од страна на ЕУ за реализација на домашната агенда.

Основната цел на Реформската агенда е засилено спроведување на реформите преку забрзување на усогласувањето со вредностите, законите, правилата, стандардите, политиките и практиките на јавниот сектор на Унијата, обезбедување негово транспарентно управување, развој на конкурентна и зелена економија и поддршка на процесот на пристапување со поглед на идното членство во Унијата.

Министерката на средбата истакнувајќи дека ЕУ е наш значаен партнер се заблагодари за континуираната поддршка на ЕУ на земјата и изрази надеж дека таа ќе продолжи и во иднина во остварување на нашата цел – целосна интеграција во ЕУ, стои во соопштението од Министерството за финансии.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk