Home » Димитриеска-Кочоска на средба со македонската бизнис заедница во Чикаго: Поддршката на Владата е целосна кон сите што сакаат да работат во Македонија

Димитриеска-Кочоска на средба со македонската бизнис заедница во Чикаго: Поддршката на Владата е целосна кон сите што сакаат да работат во Македонија

by Журнал.мк

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која е во работна посета на САД, оствари средба со претставници на македонската бизнис заедница во Чикаго.

На својот ФБ профил објави дека на средбата истакнала дека економијата е приоритет на Владата и дека поддршката е целосна за секој еден што сака да работи во Македонија, како кон домашните, така кон странските инвестиции, како и кон иселениците кои сакаат да инвестираат во својата татковина.

„Успешни бизнис приказни на наши иселеници во Чикаго. На средба со дел од Македонците кои основале и имаат сопствен бизнис во Чикаго ги слушнав нивните искуства за водење бизнис во таа средина, а некои имаа интерес за условите коишто ги создаваме тука во Македонија за водење бизнис. Економијата е наш приоритет за кој говорев на средбите и дека поддршката од Владата е целосна за секој еден што сака да работи во Македонија. Како поддршката кон домашните компании, така кон странските инвеститори, така и кон нашите иселеници кои сакаат да инвестираат во својата татковина“, стои во објавата на министерката на нејзиниот ФБ профил.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk