Home » Димитриеска-Кочоска: Економијата се опоравува и стабилизира, имаме раст од 3,2% на БДП

Димитриеска-Кочоска: Економијата се опоравува и стабилизира, имаме раст од 3,2% на БДП

by Журнал.мк

Растот на БДП од 3,2% проценти во четвртиот квартал од годината е сигнал дека економијата почнува да се опоравува и постепено да се стабилизира, смета министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во својата објава на Фејсбук.

-Економијата покажува значителни знаци на опоравување и стабилизирање – резултат на политиките што ги спроведува Владата. Потврда за истото стигнува од објавените податоци на Државниот завод за статистика за раст на БДП во последниот квартал од 2024 година од 3,2%.

Затекнавме економија која беше во стагнација со раст на БДП од 1,2% во првиот квартал, 2,3% во вториот квартал. Тоа бараше итни и неодложни мерки на краток рок за да овозможиме економијата да почне да се опоравува и да се фокусираме на политики коишто ќе овозможат засилена економска активност со просечни стапки од 5 проценти, напиша министерката за финансии на својот ФБ профил.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk