Home » Димитриеска Кочоска-Агелер: Соработката со нашиот стратешки партнер ќе се зајакнува, ни претстои многу работа во спроведување на реформите

Димитриеска Кочоска-Агелер: Соработката со нашиот стратешки партнер ќе се зајакнува, ни претстои многу работа во спроведување на реформите

by Журнал.мк

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во Министерството за финансии оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер.

На средбата беше истакнато значењето на поддршка што Министерството за финансии и севкупно ја добива земјава од САД и дека таа подддршка и соработка ќе се зајакнува.

„САД се стратешки партнер на земјава и тоа стратешко партнерство кое во континуитет се одржува од независноста ќе продолжи и во иднина. Тоа е значајно и клучно за унапредување на демократските процеси во земјава, владеење на правото, економски просперитет и обезбедување поголема стабилност и развој на земјата“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека претстои многу работа и дека со силна посветеност ќе се пристапи кон спроведување на реформите коишто се клучни за иднината на земјата, а во остварувањето на тие реформи значајна е поддршката од стратешките партнери на земјата како САД.

На средбата соговорниците се осврнаа и на поддршката што Министерството за финансии ја добива од Трезорот на САД во градење на капацитетите на институцијата во обезбедување стабилност во јавните финансии и фискална одржливост.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More