Home » Димитриеска Кочоска: Ќе си ги пуштиме нозете, колку што ни е долга чергата

Димитриеска Кочоска: Ќе си ги пуштиме нозете, колку што ни е долга чергата

by Журнал.мк

Додека ги гледавме бројките пред да влеземе во Влада, јасно ни беше каква е состојбата во буџетот. Во нашата програма, и сето она што досега е ветено, ништо не е ветено избрзано. Проверуваме уште еднаш, иако и кога сме ги ветувале работите, сме ги проверувале. Змачи проверуваме, па потоа ветуваме, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Ќе си ги пуштиме нозете, колку што ни е долга чергата“, рече таа.

Таа се смета како една од најблиските личности од доверба на премиерот Христијан Мицкоски. Вели верува дека претседателот на владата е единствен човек за кого верува дека секогаш ќе стои зад неа и, како што рече, „нема да се расправаме“.

„Во однос на другите министри, јасно ми е дека ако сум добра со нив, тогаш нешто не е во ред. И тие тоа го знаат, иако нормално е дека секој има некаква потреба од средства“, додаде Димитриеска Кочоска.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More