Home » Диететичарите: Ако сте постари од 50 години и сакате подобро здравје на срцето, јадете ги овие 3 намирници

Диететичарите: Ако сте постари од 50 години и сакате подобро здравје на срцето, јадете ги овие 3 намирници

by Lina Muslija

Храната богата со пробиотици, како што се јогуртот и ферментираната храна, е позната по своите благотворни ефекти врз здравјето на цревата, но нуди и други придобивки. Редовното вклучување на такви намирници во исхраната може да има позитивни ефекти врз меморијата, расположението и здравјето на срцето, особено за луѓето постари од 50 години.

Пробиотиците ја поддржуваат функцијата на мозокот преку подобрување на врската помеѓу цревата и мозокот, помагаат во балансирањето на хормоните кои го регулираат расположението и придонесуваат за здравјето на срцето со намалувањето на холестеролот и воспаленијата. Лекарите издвоиле три такви намирници кои придонесуваат за здравјето на цревата и срцето.

Кефир

Кефирот содржи многу пробиотски соеви кои ја подобруваат когнитивните функции и целокупното здравје.

„Различни пробиотски соеви и биоактивни соединенија во кефирот го подобруваат здравјето на цревата и се поврзани со подобра когнитивна функција и заштита од когнитивно опаѓање. Редовното консумирање кефир ја поддржува здравата цревна микробиота, која игра клучна улога во стабилизирање на расположението и намалување на симптомите на анксиозност и депресија. Кефирот може да придонесе за намалување на крвниот притисок и подобрување на нивото на холестерол, што е од корист за здравјето на срцето“, рекол докторот специјализиран за холистичка медицина, д-р Шам Синг за „Ши фајндс“ (SheFinds).

Диететичарката Саманта Касети додава: „Една студија покажа дека консумирањето шест порции ферментирана храна, како што е кефирот, дневно доведува до поразновидна микробиота и намалени маркери на воспаленија. Овие фактори можат да го намалат ризикот од голем број состојби, вклучително и автоимуни болести, дијабетес тип 2, срцеви болести и нарушувања на расположението, како што се депресија и анксиозност“.

Кисела зелка

Пробиотиците во кисела зелка го поддржуваат здравјето на цревата, што е исто така важно за здравјето на мозокот.

„Киселата зелка, со својата содржина на пробиотик, е моќна ферментирана храна која ја препорачувам за одржување на здравјето на цревата. Здравото црево, поддржано од пробиотиците во кисела зелка, може позитивно да влијае на когнитивната функција и меморијата со намалување на воспалението и оксидативниот стрес. Пробиотиците во кисела зелка, исто така, ја подобруваат врската црево-мозок, што помага да се управува со расположението и да се намали анксиозноста и депресијата“, истакнува д-р Синг.

Ферментирани краставици

Пробиотиците во ферментираните краставици промовираат здрава цревна микробиота, која може да помогне во намалувањето на воспалението и оксидативниот стрес и потенцијално поддржува подобра меморија и когнитивна функција. Покрај тоа, со подобрување на здравјето на цревата, овие пробиотици можат да влијаат на производството на невротрансмитери кои го регулираат расположението, а со тоа помагаат да се стабилизира расположението и да се намали стресот.

Диететичарката Мишел Саари заклучува: „Природно ферментираните краставици се нискокалорична храна богата со пробиотици. Сепак, важно е да се внимава на содржината на натриум во краставиците бидејќи високиот внес на натриум може да биде штетен за здравјето“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk