Home » ДИБАЛА СЕ СЕЛИ ВО ТУРЦИЈА? Аргентинецот е првата желба на Мурињо

ДИБАЛА СЕ СЕЛИ ВО ТУРЦИЈА? Аргентинецот е првата желба на Мурињо

by Lina Muslija

Новиот тренер на Фенербахче, Жозе Мурињо, сака да го донесе Пауло Дибала во турскиот клуб и со тоа повторно да соработува со аргентинскиот напаѓач.

Според пишувањата во денешниот турски печат, Мурињо побарал од раководството на неговиот нов тим да се обиде да го ангажира Дибала во претстојниот летен преоден рок.

Дибала и Мурињо соработуваа во Рома пред Мурињо да добие отказ во јануари.

По топлото добредојде од навивачите на Фенербахче на преполниот стадион, Мурињо се сретна со раководството на клубот за да ги достави своите први барања на летниот трансфер пазар и Дибала е едно од имињата на списокот, пишуваат турските весници.

Дибала дојде во Рома во 2022 година.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More