Леонардо ди Каприо е фотографиран во Париз каде, како што пишуваат странските медиуми, го поминал викендот со својата девојка, италијанската манекенка Виторија Серети.
Според информациите, парот бил виден како напушта забава, а извори тврдат дека на настанот била и познатата манекенка Кејт Мос.
Ди Каприо се обиде да го избегне вниманието на фотографите носејќи капа и маска на лицето, но не успеа целосно да се сокрие.
Врската помеѓу Леонардо ди Каприо и Виторија Серети започна во август 2023 година. Парот потоа беше фотографиран како заедно ужива во сладолед и кафе во Санта Барбара, а неколку месеци подоцна се видени заедно во Њујорк, каде што се држеа за раце за време на прошетка. Кон крајот на 2023 година заедно летуваа во популарна туристичка дестинација