Home » Дијабетичарите велат дека имаат повторно недостиг на инсулин, бараат сериозност од Министерството за здравство

Дијабетичарите велат дека имаат повторно недостиг на инсулин, бараат сериозност од Министерството за здравство

by Журнал

Од Сојузот на Здруженија на Дијабетичари на Македонија велат дека имаат повторно недостиг на инсулин.

„Поставивме прашање до Министерството за здравство, од каде добивме официјален одговор дека заради реевидирање на количините на Ryzodeg согласно количините предвидени во реалзиација на тековниот тендер, се делат само останати количини по бројка, за сите други пациенти треба да се консултираат со своите специјалисти – еднокринолози/дијабетолози и заеднички направат вистинки избор за замена на инсулинска терапија. Воедно ја известуваме јавноста дека се појавува недостиг на терапија Ozeмpik i Rybelsus, дека побаравме информација од Министерството за здравство со чиј одговор, во моментов не мислиме дека е реален и продолживме со консултација со компаниите, нашите информации говорат дека има терапија, за сите постојни пациенти до потпишувањето на договоорот за набвака и планираните дополнителни количини, но за жал не сите и секој ја добиваме континуирано и навремено. Затоа ќе споделиме дополнителен став за состојбата со овие терапии“, соопштуваат од сојузот.

Од сојузот на дијабетичари истакнуваат дека моменталната состојба само ги потврдува нивните долгогодишни барања за промени во моделот на достапност на терапија и помагала со Отворен пазар и воведување на Референтни цени.

„Ние, сакаме да сериозно го подигнеме квалитетот на животот на лицата со Дијабетес, со конкретни мерки и активности од државата. Затоа апелираме на сериозност на Министерството за здравство и транспаретно да се делува и навремено да имаме информации во тековниот период. Почитувани соборци, кои сте подложни на промени, исклучиво да се консултираат со специјалистот и со нов извештај да направат промена, со Ваш избор од можните замени“, завршуваат од сојузот на Здруженија на Дијабетичари на Македонија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More