Home » Дијабетичарите имаат проблеми со сензорите за мерење шеќер во крвта

Дијабетичарите имаат проблеми со сензорите за мерење шеќер во крвта

by Журнал

Со години чекаа да ги добијат, а откако конечно ги добија, некои од сензорите за мерење на шеќер во крвта имаат технички проблеми.

Согласно договорот за набавка на сензорите, двете компании кои што го добија тендерот мора да обезбедат 14 дневна работа на сензорите и секојдневна техничка поддршка за корисниците. Дел од корисницте се жалат дека сензорите покажуваат проблем при функционирањето, па дури и во првите три дена од користењето, иако истите треба да бидат во функција 14 дена.

-Ние за ова веќе разговаравме и со министерот за здравство информирани се и националната комисија за дијабетес, во комуникација сме со компаниите, министертсвото се вклучува за побрзо да се надминат овие технички прашања бидејќи се од техничка природа, не се од здравствена или од производен аспект дека не знаат да го употребуваат или пак дека е лош квалитет, појаснува Диуме Велев, претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари.

Според информациите кои што ги имаат за сега, проблемот не бил во самите сензори, туку во процесот на преносот на информациите меѓу читачот и сервисните бази. Компаниите кои ја вршат набавката работат на тоа да се реши овој технички проблем.

Сојузот пак работи на тоа сенозри да добијат не само младите до 18 години, трудниците и слепите лица, туку сите дијабетичари со Тип 1 дијабетес.

-Ние бараме да им се дадат сензори на сите лица со Тип 1, дури и на лица со Тип 2 им се даваат кога имаат потешки компликации , но ие бараме 2025 да има сензори за сите лица бидејќи се покрија голем дел а според бројката со која располага државата некаде околу 3000 сензори да се најдат и полека да се дистрибуиираат со ситре лица со Тип 1, појаснува Велев.

Во меѓувреме, проблемите со лентите и глукомерите се уште траат. Остануваат на ставот дека оние кои им ги обезбедува државата не се квалитетни и не се соодветни за нив. Истрајни се и во барањето дека дијабетичерите треба сами да си ги бираат лентите и глукомери и на истите да им веруваат и да бидат современи.

Во Македонија има околу за 116 000 лица со дијабетес, од кои 45 000 се на инсулинска терапија, а 600 се деца и млади до 18 години.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More