Home » Дијабетичарите бараат ослободување од работа поради Ковид-19

Дијабетичарите бараат ослободување од работа поради Ковид-19

by Журнал.мк

Сојузот на здруженија на дијабетичари, до Владата и до Министерството за здравство поднесе барања за ослободување од работни обврски на хронични болните особено лицата со Дијабетес Тип 1 и Тип 2 на инсулин со компликации, на лично барање од пациент преку специјалист ендокринолог или дијабетолог.

Според нив, епидимиолошката состојба со корона вирусот е загрижувачка. Сериозно високите бројки на раст и тоа на дневно ниво, за жал и прогресијата на ново инфицирани не запира и покрај важечките здравствени протоколи.

– Ваквата состојба за Сојузот на здруженија на дијабетичари е сериозно загрижувачка, со највисок ризик по компликации на животите на граѓаните со хронични заболувања, особено кај лицата со дијабетес кои со своите секојдневни активности ги исполнуваат работните обврски.

Со цел да се изврши превенција од дополнителни компликации и можни животно загрозувачки состојби кај лицата со дијабетес Тип 1 и дијабетес Тип 2 на инсулин со компликации од дијабетес, бараме од Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за здравство и Кризниот штаб за спречување на ширење на пандемијата од Ковид-19, да се донесат превентивни мерки за ослободување од работни и училишни обврски на сите хронично болни, особено на лица со дијагнозите Дијабетес Тип 1, Дијабетес Тип 2 на инсулин со компликации од дијабетес, во рок до 14 дена со одобрение од надлежен специјалист и еднокриниолог или дијабетолог, по барање на самото лице – се вели во соопштението од Сојузот.

Бараат отсуствата по овие мерки, да бидат на товар на работодавците, согласно правилата за боледување и тоа на вакцинираните со 90 отсто од плата, а на невакцинираните или непрележани од корона вирус 70 отсто од плата.

– Овие мерки ги бараме имајќи ги во предвид, досегашните факти дека најголем процент на заболени од корона се лица со дијабетес, а за жал во делот на починати тој процент е над 2/3 од вкупниот број. Воедно потсетуваме дека кај лицата кои имаат средна и потешка форма на корона вирус, од терапијата која се применува се појавува дијабетес и е зголемен бројот на корисници на инсулинска терапија – велат до Сојузот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk