Bo Бон, Германија, на 27 февруари, ДХЛ и Формула 1 објавија повеќегодишно продолжување на нивното партнерство, продолжувајќи со испорака за настаните на FIA World Championship™ во Формула 1 ширум светот.
Со повеќе од 40 години компетентност во логистиката на мотоспортот, ДХЛ ја прославува својата 20-годишнина како Официјален Логистички Партнер на Формула 1, што го прави глобален партнер со најдолга соработка во спортот. Партнерството доживеа транзиција во поодржлива ера на транспорт и логистика, бидејќи Формула 1 сака да ја достигне својата цел за “Нула Емисии” до 2030 година. По успешното воведување на возила на биогориво минатата година за време на европскиот дел од сезоната, нивниот број е повеќе од двојно зголемен оваа година, на вкупно 37. Секое возило, во просек, постигнува намалување за 83% на емисиите на јаглерод во споредба со истите на дизел гориво.
„Со обновување на нашето партнерство, ние сме горди што сме глобален партнер со најдолга соработка во спортот, одбележувајќи ја 20-годишнината на ДХЛ како официјален логистички партнер на Формула 1, испорачувајќи ја трката помеѓу трките“, објаснува Арјан Сисинг, глобален маркетинг менаџер на ДХЛ Групацијата. „Двете компании споделуваат силна посветеност кон целите за одржливост и заедничка визија да го направат спортот позелен и поефикасен. Како пионер во одржливата логистика, со задоволство ја одржуваме нашата соработка со Формула 1, за да ги постигнеме овие цели заедно“.
За време на 20-годишното партнерство, Формула 1 и ДХЛ доживеаa значителна трансформација, каде оваа година, значително исполнетиот календар кој содржи 24 трки, нуди подобар распоред на трки во одредени региони со цел да се намали оддалеченоста и патувањето помеѓу настаните. Сепак, најзабележителна промена се случи во 2019 година кога Формула 1 ја објави својата цел “Нула Емисии” во која водечката логистика на ДХЛ во светот, која вклучува патен, авионски и бродски транспорт, е клучен фактор за намалување на емисиите на јаглерод поврзани со логистиката. Превземајќи водство во зелената логистика, покрај воведувањето на возила кои користат био гориво, минатата година ДХЛ користеше и ефикасни авиони Боинг 777 во својата работа. Овие авиони резултираа со значително намалување од 17% на емисиите на јаглерод во споредба со традиционалните авиони. ДХЛ и Формула 1 остануваат истрајни во својата посветеност кон нивната зелена агенда и ќе продолжат да истражуваат дополнително одржливи логистички решенија во текот на претстојната сезона.
Џони Хаворт, раководител за комерцијални партнерства во Формула 1, вели: „Како наш најдолгогодишен партнер, ДХЛ стана клучен дел во испораката на нашите настани, па затоа сме среќни што ја продолжуваме таа успешна соработка. Нашето партнерство докажа дека спортот може да се трансформира на повеќе начини, а ДХЛ беше огромна поддршка во нашата транзиција кон поодржлив спорт, и ова ќе продолжи да биде клучен фактор како што се доближуваме до 2030 година. Со развојот на одржливата логистика, очекувам да го видиме позитивното влијание и иновациите кои ги носи“.
Сезоната 2024 започна во Бахреин на 29 февруари, означувајќи возбудлив почеток на годината. Протегајќи се низ 21 земја и пет континенти, оваа сезона вклучува вкупно осум последователни викенди – со тоа што Формула 1 се враќа во Кина за прв пат по пандемијата. ДХЛ го движи огромниот логистички предизвик за транспорт на 1.400 тони товар со висока вредност до секоја трка. Ова вклучува тркачки автомобили, гуми, резервни делови, гориво, опрема за емитување и опрема за маркетинг и угостителство.
Логистичкиот тим на ДХЛ Мотоспорт се состои од 100 специјалисти, а половина од нив работат на лице место. Нов ДХЛ караван ќе биде претставен за одбрани европски трки во календарот на Формула 1, и ќе биде поставен како домашна база за тимот. Опремен со соларни панели, станици за полнење и рециклирање, овој одржлив караван ќе се транспортира со помош на биогориво.
„Покрај зголемениот број возила на биогориво и претстојните одржливи иницијативи, исто така е прекрасно да се види дека нашиот тим дава приоритет на еколошките патувања, претставен со воведувањето на новиот караван на ДХЛ“, вели Пол Фаулер, раководител на Global Motorsports Logistics во DHL Global Forwarding. „Постојано истражуваме начини како да ја постигнеме целта на Формула 1 “Нула Емисии” и среќни сме што соработуваме со партнер кој ја споделува нашата посветеност кон одржливоста и е приемчив за иновативни зелени решенија“.
Во 2017 година, Групацијата ДХЛ беше првата логистичка компанија во светот која постави цел “ Нула Емисии” за сите емисии на јаглерод поврзани со логистика до 2050 година. Како дел од својата стратегија за одржливост, Групацијата планира дополнително вложување до 7 милијарди евра до 2030 година за постигнувањето на оваа цел. Компанијата се стреми да го зголеми користењето на одржливи горива, да ја забрза електрификацијата на својот возен парк, и да изгради јаглерод-неутрални згради. Овие мерки ја покажуваат посветеноста на Групацијата ДХЛ за намалување на влијанието врз животната средина, како и за промовирање на одржливи практики во логистичката индустрија, заедно со своите партнери и клиенти.