Home » Девојка од Турција преку лажен профил три години го заведувала сопствениот татко за пари: „Тој е насилник којшто ме тепаше“

Девојка од Турција преку лажен профил три години го заведувала сопствениот татко за пари: „Тој е насилник којшто ме тепаше“

by Lina Muslija

Во последно време турските медиуми се преоплни со вести за девојката по име Седеф (18) којашто се појави во емисијата на тв презентерката Есра Ерол, а којашто помогна во пронаоѓањето на помладата сестра на Седеф, Суденаз.

Имено, во емисијата на Есра темата не била сестрата на Седеф, туку нејзиното шокантно признание дека веќе три години, преку лажен профил го заведувала татко ѝ за да земе што повеќе пари од него.

 

 

 

Својата шокантна приказна Седеф ја раскажа пред камерите, и тоа во присиство на татко ѝ Мехмет и мајката Хулиа, и како што вели успеала да „собере“ околу 3.000 евра од нејзиниот татко, пренесува порталот „Bayburtmedya“.

Седеф немаше убави зборови за својот татко, туку го нарече насилник, којшто никогаш не сакал финансиски да им помогне ниту на неа ниту на нејзината помлада сестра Суденаз.

„Овој човек ме тепаше, тој не е мој татко. Се вљуби во девојка којашто никогаш не ја запознал. Оваа жена не ми мајка бидејќи се помири со него. Мојата сестра е во ваква состојба поради нив“, раскажа Седеф.

Нејзиниот татко Мехмет, обидувајќи се да се одбрани, велеше дека во неговиот брак со мајката на Седеф, имал проблеми како и дека не знаел оти се допишува со сопствената ќерка, којашто му испраќала слики од жена по име Еда Челикел и се претставувала со нејзино име.

 

 

 

„Ми кажуваше дека има слични проблеми со мажот. И‘ поверував и почнав да комуницирам со Еда (ќерка му). По одреден период таа почна да бара пари од мене, а јас ѝ ги испраќав. Се вљубив“, објасни Мехмет и додаде дека не ги познава доволно социјалните мрежи бидејќи има завршено само основно образование.

 

 

 

Оваа семејна драма го привлече вниманието на многумина во Турција, особено по пронаоѓањето на Суденаз, којашто била пронајдена 10 дена откако нејзината приказна и приказната на сестра ѝ Седеф беше обелоденета во емисијата на Есра Ерол. Што се однесува на исчезнувањето на Суденаз, двајца мажи биле обвинети и се под надзор на државните органи, додека Суденаз била предадена на агенцијата за заштита на децата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk