Home » Девет мировници на ОН повредени во судир со припадниците на М23

Девет мировници на ОН повредени во судир со припадниците на М23

by Журнал.мк

Девет припадници на мировните сили на Обединети нации се повредени во судирите со бунтовничката група М23 во источниот дел на Демократска Република Конго.

Мировниците на ОН се повредени во местото Саке, 27 километри западно од Гома, град со околу два милиони жители, кој е клучен центар за безбедносни и хуманитарни активности, а изминатите недели е опколен од припадниците на М23.

Бунтовничката група М23, составена главно од членови на етничката заедница Тутси, претходно го освои Гома во 2012 година и го контролираше градот повеќе од една недела.

Конфликтите во источниот дел на ДР Конго, богат со минерали траат со децении, каде дејствуваат околу 100 вооружени групи, што доведе до една од најголемите хуманитарни кризи во светот.

ДР Конго, САД и експертите на ОН ја обвинуваат Руанда за поддршка на М23, а Кигали негира. Но, Руанда има распоредено војници и ракетни системи во источниот дел на ДР Конго, како што тврди поради своја безбедност.

Поради напредувањето на М23 во источно ДР Конго од почетокот на годината раселени се повеќе од 400.000 луѓе, што ги влошува условите во пренаселените центри за раселени лица во и околу Гома и доведе до пораст на случаите на колера, предупреди Агенцијата за бегалци на ОН.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk