Home » Девет лица се уапсени поради нереди на протестот во Нови Сад

Девет лица се уапсени поради нереди на протестот во Нови Сад

by Журнал.мк

Девет лица се уапсени поради нереди на протестот во Нови Сад, на барање на Вишото и Основно јавно обвинителство во тој град, се вели во заедничкото соопштение на двете обвинителства.

Според соопштението, од деветмината уапсени за нереди на вчерашниот протест, шест лица се осомничени за сторено кривично дело – Насилничко однесување на спортски настан или јавен собир, едно лице за кривично дело – Уништување и оштетување на туѓ имот, едно лице за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење на службена должност и едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност.

Во соопштението се додава дека се уште трае потрагата по сторителот на кривичното дело Оштетување на угледот на Република Србија, додека интензивно се работи на утврдување на идентитетот на други лица за кои постојат основи на сомнение дека имаат сторил кривично дело Напад врз службено лице при вршење на службена должност, односно кривично дело Уништување и оштетување туѓ имот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk