Прогноза за времето: Променливо и нестабилно, но со сончеви моменти.
Денеска не’ очекува променливо облачно време, со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат локални врнежи од дожд, а можно е и ретки грмежи на одредени места. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено ќе биде и засилен, од југоисточен правец.
Температурите ќе се движат од 5 до 11 степени Целзиусови во утринските часови, додека дневните ќе достигнат од 19 до 23 степени.
Во Скопје, слично како и во остатокот од земјата – времето ќе биде променливо облачно со сонце во текот на денот, но кон вечерта се очекува дожд и можност за грмежи. Ќе дува умерен, а понекаде и засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде околу 10 степени, а максималната до 23 степени.