-2 C
Skopje
Thursday, January 28, 2021

Десетте најбезбедни автомобили во 2019 година

Најчитани вести

Во оваа година, Euro NCAP тестираше вкупно 55 автомобили, а од нив 42 возила добија максимални пет ѕведички.

Процедурата на Euro NCAP се базира на crash тест, но и го проверува системот за безбедност.

Затоа е интересно да се види кои автомобили се најбезбедни оваа година според мерењата на Euro NCAP?

10.Skoda Scala

Одлична во заштитата за возрасни и деца (97 и 87 проценти), како и надпросечен резултат во заштита на пешаци (81 процен). Единствениот просечен резултат е 76 отсто во системите за безбедност.

9.Mazda 3

Одлични 98 проценти во заштита на возрасните (возачот и патниците) и 87 проценти во заштита на децата. Единствениот послаб резултат е 73 проценти во системот за безбедност.

8.Mazda CX-30

Најдобриот резултат во заштита на возрасните (99 проценти) и одлични 86 проценти во заштита на децата како и 80 во заштита на ешаците. Малите недостатоци се во системите за безбедност и се 77 проценти.

7.Volkswagen T-Cross

Еден од ретките автомобили кој премина 80 проценти во сите категории: 97 отсто за возачот и патниците, 86 проценти за деца, 81 процент за пешаци и 80 отсто во ситемите за безбедност.

6.Tesla Model X

Големиот СУВ на Teslа или кросоверот мина одлично во системите за безбедност (воздушни перничиња, систем за одржување на возила во сообраќајна лента, автоматско кочење во случај на потреба…), заслужи дури 94 проценти. Во безбедноста на возрасните резултатот е 98 проценти, а за деца е 81 отсто. Дури е просечен и во заштита на пешаци со 72 проценти.

5.Subaru Forester

Одлични 91 отсто во заштита на деца, 97 проценти во заштита на возрасни како и 80 отсто во заштита на пешаци. Тука се и добри 77 проценти во системите за безбедност.

4.Tesla Model 3

Одлични 96 проценти во системите за безбедност, 94 отсто во заштита на возразни и 86 проценти во заштита на децата. Полош е резултатот со пешаците и е 74 проценти.

3.BMW Series 3

Единствениот полош резултат се системите за безбедност односно системот за задржување во во сообраќајна лента (оценката е 76 отсто). Сè друго е на високо ниво.

2.BMW Z4

Единствениот минус е ист како и кај Series 3, а сè друго е неверојатно, од заштита на возрасни до заштита на деца и пешаци

1.Mercedes-Benz CLA

Победник во ова рангирање е Mercedes-Benz CLA. Заштита на возрасни, 96 процeнти, на деца 91 процент, како и на пешаци. Никој не бил подобар. Единствено резултатот во системот за безбедност би можел да биде подобар од 75 проценти.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести