Home » Десет пожари на отворено во последното деноноќие

Десет пожари на отворено во последното деноноќие

by Журнал.мк

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 10 пожари на отворено во последното деноноќие, од коишто утрово еден е сè уште активен.

Активен е пожарот во Општина Дебар помеѓу селата Бомово и Коњаре, каде што горат „костењари“ и ниска вегетација. Регионалниот ЦУК (РЦУК) Охрид известува дека интервенирале со едно ПП возило и пет пожарникари. Пожарот е под контрола. Со гаснењето на пожарот ќе се продолжи во текот на денешниот ден.

Изгаснати се три пожари во Скопскиот регион, два во Охрид и по еден во Ресен, кај с.Љубојна, кај штипското село Долни Балван, кај пехчевско Негрево и кај кумановското село Шупли Камен.

ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено, за редовно чистење на локалните одводни канали, а и да не се фрлаат отпадоци во нив. Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More