Продолжува неизвесната борба за опстанок во Првата футсал лига на Македонија, 16. коло беше отворено вчера со мечот меѓу Јувентус Серава и Бутел. Денес Форца која ја ја одбрани шампионската титула ќе игра против Клими, додека пак утре Железарец кој ги спакува куферите и од следната сезона ќе игра во Втората футсал лига ќе игра против Шкупи.
Колото ќе се затвори во понеделник со два натпревари. Кеги Моби и Црна Река ќе играат дерби за опстанок, а пак Осогово во Крива Паланка ќе се соочи со второпласираниот Проект.
Од Првата футсал лига директно испаѓаат последните две екипи, односно екипите кои ќе бидат на десеттото односно деветтото место на табелата, а пак од Втората футсал лига во елитата влегуваат првите две екипи на табелата.