Home » Депониите станаа мета на пиромани, гореше депонијата во струмичко Ново Село

Депониите станаа мета на пиромани, гореше депонијата во струмичко Ново Село

by Журнал.мк

Депониите стана мета на пироманите. Нивното палење е лесно поради различниот отпад што го имаат, но во исто време е тешко истиот да се изгаси од страна на пожарникарите.

„Вчера, околу 16.00 часот избувна пожар кај депонијата во Ново Село. ТППЕ Струмица со 2 ПП возила и 6 пожарникари-спасители веднаш излезе на лице место и презеде мерки најпрво да го спречи ширењето на пожарот на околните ридови а после тоа кон гаснење на истиот. Гаснењето на овие пожари е исклучително тешко поради големата количина на различен отпаден материјал“, се вели во објавата на струмичките пожарникари.

Од противпожарната служба предупредуваат дека секоја запалена депонија го загадува воздухот, водата и почвата, и се шират зарази.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More