Home » Денеска во Собранието – избор на член на ДИК, продолжување на важноста на пасошите, законот за игри на среќа…

Денеска во Собранието – избор на член на ДИК, продолжување на важноста на пасошите, законот за игри на среќа…

by Журнал.мк

Собранието денеска треба да ја започне 145. седница на која на дневен ред, меѓу другите, се Закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во трето читање, и избор на член на Државната изборна комисија.

На седницата се очекува Абдуш Демири да биде избран за член на највисокото изборно тело во земјата. За тој да биде избран потребна е поддршка од повеќе од 80 пратеници. Партиски избори за МИА во понеделникот информираа дека се очекува за Демири да не гласаат пратениците од ДУИ и од крилото на Зијадин Села од Алијанса на Аланците, додека СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалиции и албанската опозиција ќе го поддржат.

Закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, трето читање е ставен повторно на дневен ред, откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот за него. За да се изгласа овој закон, на парламентарното мнозинство ќе му биде потребен 61 глас.

На предложениот дневен ред на 145. седница се и измение на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, по итна постапка, предложен од ВМРО-ДПМНЕ, како и Предлог на закон за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија и Предлог на закон за изменување на Законот за пратениците, предлози на пратениците на СДСМ кои се однесуваат на функционерските плати.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More