Home » Денеска седници на две собраниски комисии

Денеска седници на две собраниски комисии

by Журнал.мк

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е Предлог-одлуката за објавување оглас за именување претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен и Предлог-одлуката за именување претседател и членови на Управниот одбор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор.

Членовите на Комисијата ќе разгледаат и барање од заменик-министер во Владата и барање од пратеник за утврдување надоместок на закупнина на стан.

На Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на дневниот ред е Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за 2023 година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk