Home » Денеска претежно сончево со температурa до 29 степени

Денеска претежно сончево со температурa до 29 степени

by Журнал.мк

Денеска времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала од умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе се движи во интервал од пет до 12 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде, исто така, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура во главниот град ќе се спушти до осум, а максималната дневна се очекува да достигне до 28 Целзиусови степени.

Според УХМР и во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во вторник претпладне се очекува зголемување на облачноста, со услови за слаб локален дожд и благ пад на дневната температура.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More