Судот во Париз денеска ќе ја донесе пресудата за случајот против лидерката на екстремно десничарската партија Национален собир (РН), Марин Ле Пен и 24 членови на таа партија, кои се обвинети за проневера на средства од Европскиот парламент, а исходот може да ја спречи Ле Пен да се кандидира за претседател на Франција во 2027 година, јавуваат француските медиуми.
Партијата, која ја гледа Ле Пен како фаворит меѓу потенцијалните кандидати во претседателската трка за две години, го осуди судењето како политички мотивирано, пишува Франс 24.
Судијата ќе започне со читање на пресудите во 10 часот, а се очекува читањето да трае неколку часа.