Денеска уште еден чартер-лет Дубаи-Скопје. Евакуација на 147 лица од Блискиот Исток. Досега со три чартер лета и еден со владиниот авион, беа евакуирани 458 патници, 380 македонски државјани и 78 странци, во најголем дел од соседството.
Од Министерството за надворешни работи и од дипломатско-конзуларните претставништва информираат дека дежурниот телефонски број и понатаму останува на располагање на македонските граѓани во кризниот регион.








