Отстранувањето на рачните бомби кои вчера беа пронајдени во приватна нива во село Боговиње е закажано за денеска. Специјализирани лица од Куманово денеска ќе пристапат на отстранување на рачните бомби, информираат од Центарот за управување со кризи. Вчера пиротехничар од ДЗС во селото Армаруш, Новаци, безбедно отстрани авионска бомба со 154 калибар од Првата светска војна, соопшти ЦУК.
Денеска ќе се отстрануваат рачните бомби од нивата во Боговиње
15